Граѓаните со повисока свест од партиите за климатските промени
Расте свеста кај граѓаните за темите поврзани со климатските промени, но сепак климатската акција и климата „многу малку“ се застапени во изборните програми на политичките партии, велат активисти за заштита на животната средина. Тие посочуваат дека идниот развој на земјата треба да биде „зелен“ со приоритетна заштита на здравјето на граѓаните.