Џонсон и дер Лајен ќе ги прегледуваат преговорите за слободна трговија
Британскиот премиер, Борис Џонсон, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утреа ќе „направат преглед“ на преговорите за договорот за слободна трговија по Брегзит и „да разговараат за следните чекори“, изјавија официјални лица, пренесе новинската агенција АП.
Оваа објава од обете страни дојде со завршувањето на уште една седмица за детални преговори за „рудиментираниот“ договор за слободна трговија што треба да стапи на сила откако преодниот рок за Брегзит ќе заврши на 31 декември. Постигнат е мал напредок за ваков договор, откако Велика Британија ја напушти Европската унија (ЕУ) на крајот на јануари.
Џонсон со обвинувања до ЕУ бара поддршка од Парламентот
Двете страни признаа дека времето истекува доколку сакаат да постигнат договор пред крајот на сегашниот преоден рок за Брегзит да заврши на крајот на годината. Премиерот Џонсон рече дека е подготвен да се тргне од преговорите доколку нема договор до следниот самит на ЕУ на 15 октомври, пренесе АП.