Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Октябрь
2020

Новости за 02.10.2020

ДИК донесе Роковник за изборите во Штип и Пласница

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија на вечерашната седница донесе Роковник за предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип, кои треба да се одржат на 13 декември 2020 година. Според Роковникот, увидот во Избирачкиот список започнува на 17 октомври и завршува на 5 ноември. Кандидатурите за градоначалник треба да се достават до 7 ноември. Изборната кампања започнува на 21 ноември, а завршува 10 декември. Ако има втор круг, изборната кампања завршува на 24 декември, а изборниот ден ќе биде на 27 декември. Читать дальше...

Белата куќа - Трамп има благи симптоми на ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп има благи симптоми на ковид-19, но продолжува да работи, откако доби позитивен резултат на тестирањето за коронавирус, соопшти Белата куќа. Шефот на Кабинетот на Трамп, Марк Медоус, денеска пред новинарите изјави дека претседателот страда од некои симптоми на болеста, но не даде детали за тоа кои се тие. Тој додаде дека Трамп и првата дама, кои објавија дека се позитивни на вирусот, се наоѓаат во Белата куќа и дека се расположени. „Претседателот не е неспособен. Читать дальше...

Столтенберг следната недела ќе ги посети Атина и Анкара       

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во понеделник и вторник ќе ги посети Анкара и Атина и ќе одржи средби со министри од турската и грчката Влада. В понеделник, Столтенберг ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Турција и други високи владини претставници, додека пак ден подоцна, во Грција, ќе разговара со грчкиот премиер и министрите за надворешни работи и национална одбрана. Грција и Турција, вчера во НАТО воспоставија билатерален механизам за избегнување конфликти што... Читать дальше...



Рекорден број нови случаи на ковид-19 во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран рекордно висок број нови случаи на Ковид-19, вкупно 460 новозаразени лица, од кои 114 се од фабриката за конзервирање во северниот дел од земјата, 26 по направените тестови на влезните точки во земјата, a повторно најголемиот дел од нови случаи, односно 207 се во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина. Регистрирани се и пет смртни случаи. Епидемиолог Гикас Мајоркинис на денешната редовна прес-конференција за ситуацијата со новиот коронавирус во Грција... Читать дальше...

Антикорупциска истражува злоупотреби на пари од ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет по анонимна пријава за злоупотреба на пари од фондови од ЕУ од европските програми како Еразмус плус, Еуридика од страна на директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова. Нури Бајрами член на Антикорупциската комисија на денешната прес-конференција информира дека за овој предмет побарале информации и од МОН како основач на оваа национална агенција, од Државниот просветен инспекторат и Инспекторатот за труд. Читать дальше...

Белорусија им ги откажа акредитациите на странските новинари

SlobodnaEvropa.mk 

Белоруското Министерство за надворешни работи ги откажа акредитациите на сите странски новинари во земјата, велејќи дека тоа е дел од реформите за регулација на медиумите. Во денешното соопштение Министерството за надворешни работи наведува дека акредитациите на новинарите кои работат во странски медиуми се сметаат за неважечки и дека доколку сакаат да извадат нови ќе мора повторно да се пријават во обновената комисија за акредитација која ќе започне со работа на 5 октомври. Според Министерството... Читать дальше...

Градоначалници на Штип и Пласница ќе се бираат на 13 декември

SlobodnaEvropa.mk 

На 13 декември, недела, ќе се одржат избори за градоначалник во Штип и во Пласница. Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска го потпиша Решението за распишување предвремени избори во овие две општини. Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија и избирачките одбори, а влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник“. Доскорешниот прв човек на Штип Благој Бочварски сега е министер за земјоделство, а Исмаил Јохоски... Читать дальше...

Помпео -Хрватските граѓани наскоро во САД без визи

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватските граѓани наскоро ќе можат да патуваат во САД без визи, најави денеска во Дубровник американскиот државен секретар Мајк Помпео. Помпео за агенцијата Хина рече дека тоа ќе се случи „во следните месеци“ и изрази надеж дека договорот за безвизен режим со Хрватска ќе биде потпишан „многу скоро“.  Помпео оцени дека односите меѓу двете земји се силни и оти американската страна сака да биде сигурна дека „секогаш кога ќе се појави можност за американска компанија да инвестира во Хрватска или Хрватска во САД, ништо не стои на патот“. Читать дальше...



Филипче по итниот состанок- Прво анализи, па потоа одлука за мерки против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Викендов ќе се знае дали и какви мерки и во кои општини ќе се воведат, рече министерот Венко Филипче по итниот состанок со Комисијата за заразни болести, откако денеска беа регистирани 225 нови заразени со ковид-19. По средбата Филипче за Сител телевизија изјави дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно, по што ќе се знае дали и какви мерки ќе треба да се воведат. Министерот рече дека денешната бројка на заразени е навистина висока бројка во однос на претходните денови. Читать дальше...

ДКСК - Апанажата максимално се користи

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно 107 функционери користеле апанажа во периодот од 2014 до 2018 година по престанокот на функцијата. Од нив 100 пред да бидат именувани или избрана на функција биле вработени, но тие не го искористиле правото да се вратат на претходното работно место во рок од 30 дена од престанокот на функцијата, туку користеле апанажа, соопштија денеска од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).   Како што истакна Катица Николовска член на Антикорупциската комисија и автор на анализата, од... Читать дальше...

Протести на гимназијалците во Дебар – Од понеделник најавија настава со физичко присуство

SlobodnaEvropa.mk 

По вчерашниот бојкот на онлајн наставата во дебарската гимназија „28-ми Ноември“, денеска се одржаа протести на кои учествуваа ученици, родители и наставници. Тие побараа од понеделник во гимназијата да се одржува наставата со физичко присуство, јавува дописникот на РСЕ од Дебар Кенан Мимидиноски. Директорот на гимназијата Рамадан Имери изјави дека условите за настава со физичко присуство во гимназијата се целосно исполнети. „За тоа беа информирани и инспекторите, но и министерката и другите релевантни институции... Читать дальше...

12 пратеници од претходниот состав не доставиле анкетен лист

SlobodnaEvropa.mk 

Државната комисија за спречување на морупција (ДКСК) утврди дека 12 пратеници од парламентраниот состав 2016-2020 година, по престанокот на функцијата не доставиле анкетен лист, а шест пратеници доставиле со задоцнување, соопшти денеска на прес-конференција, претседателката ДКСК, Билјана Ивановска. Колку се богати македонските пратеници Како што информира Ивановска, анкетни листови не доставиле Неџбедин Таремани, Арта Точи, Зоран Георгиевски, Фадил Зендели, Ферид Мухиќ, Самка Ибраимоски, Илија Николовски... Читать дальше...

Нови 225 корона-случаи, Филипче на средба со Комисијата за заразни болести

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ). Новозаразените се регистрирани во Скопје 96, Куманово 8, Штип 7, Прилеп 8, Тетово 15, Струга 3, Велес 5, Битола 8, Охрид 2, Кавадарци 6, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 11, Крива Паланка 7, Радовиш 1, Кочани 17, Пехчево 1, Берово 10, Валандово 3, Виница 1, Делчево 2, Кратово 1, Свети Николе 6 и во Кичево 4. „Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63... Читать дальше...

Игротеките се отвораат и ќе работат по посебни протоколи

SlobodnaEvropa.mk 

Групацијата на игротеки при Сојузот на стопански комори денеска соопшти дека по седуммесечна пауза ќе почнат да работат игротеките според протоколите подготвени  од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а прифатени од Владата. „Многу подобро за сите нас е дејноста да продолжи и да се одвива во чиста средина, во контролирани услови со почитување на протоколите и преземање на ригорозни мерките за заштита на личното како и на колективното здравје“, изјави денеска Трајко Николовски... Читать дальше...

Белорусија со црна листа одговори на санкциите од ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Белоруското Министерство за надворешни работи направило листа на лица на кои им е забранет влез во земјата, како одговор на санкциите воведени од Европската Унија (ЕУ).  Во соопштението од Министерството, објавено денеска, во кое Минск ја обвинува ЕУ за воведевање „казнена мерка“ за Белорусија, се вели дека списокот на непожелни лица нема да биде јавно објавен. На состанокот во Брисел, лидерите на ЕУ 27 се согласија да воведат санкции за одговорните за насилството по претседателските избори во Белорусија. Читать дальше...

Џонсон и дер Лајен ќе ги прегледуваат преговорите за слободна трговија

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утреа ќе „направат преглед“ на преговорите за договорот за слободна трговија по Брегзит и „да разговараат за следните чекори“, изјавија официјални лица, пренесе новинската агенција АП. Оваа објава од обете страни дојде со завршувањето на уште една седмица за детални преговори за „рудиментираниот“ договор за слободна трговија што треба да стапи на сила откако преодниот рок за Брегзит ќе заврши на 31 декември. Читать дальше...

Заев внимателен, Мицкоски прашува за што се преговара со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Од Софија стигнаа нови пораки за историјата, а поврзани со македонскиот пат кон Европската унија. Премиерот Зоран Заев тврди дека македонскиот јазик и македонскиот народ се потврдени, а опозиционерот Христијан Мицкоски вели дека и не знае за што се преговара.

Владата ќе разгледа можност за намалување на ДДВ за струјата

SlobodnaEvropa.mk 

Вредно е да се разгледа варијантата за намалување на данокот на додадена вредност кај електричната енергија од 18 на пет проценти, но треба да се направат калкулации и премсетки што тоа ќе значи за економската стабилност, финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со помошник-државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Францис Р. Фанон. Владата веќе... Читать дальше...

Првите 80 милиони евра помош од ЕУ стасуваат идната недела

SlobodnaEvropa.mk 

Првата транша од 80 милиони евра, од вкупните 160 милиони макрофинансиска помош од Европската Унија (ЕУ), за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, ќе биде префрлена следната недела, беше посочено на првата официјална средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир. Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително, Унијата во рамки на Договорот за отпорност обезбеди 40 милиони евра, грант средства , кои ќе се наменат за нови бескаматни... Читать дальше...


Музыкальные новости
Елена Волкова

В Республике Марий Эл пройдет культурный проект «Классика: история и современность»





Rss.plus
Владимир Потанин

Применим ли ЦФА для венчура в России?




В «Лосином острове» открылась орнитологическая тропа

Жизнь в системе. Паше Мутагирову необходимо внутривенное питание на 1 млн.

Более 5,4 тыс ям заделали на дорогах Люберец с начала года

Цена билетов на суперфинал Кубка России составит от 500 до 15 тыс. рублей




И фирмите кои покажуваат загуба да исплатат К-15, апелира Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Компаниите што имаат можност, па дури и оние што покажуваат загуба, да исплатат регрес за годишен одмор, односно К-15, апелираше денеска премиерот Зоран Заев, во име на Владата на Северна Македонија. „Ние сме Влада за работниците и уште еднаш апелираме секоја компанија која што има можност, дури и оние коишто покажуваат загуба да исплатат регрес за годишен одмор односно познатото К-15 заради тоа што дефинитивно работниците се трајното добро и за компаниите, но и за државата. Уште еднаш Законот... Читать дальше...

Трамп - тешко е да се каже не се приближувај

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп за Fox News изјави дека тој и правата дама Мелани Трамп се позитивни на Ковид 19. Има шански и други од неговот опкружување да се инфицирани и да мораат да одат во карантин. Објавувањето дојде само неколку часа откако Хоуп Хикс, постара советничка на претседателот, беше позитивна на коронавирусот откако патуваше повеќе пати со Трамп оваа недела.

Македонија би станала регионален енергетски центар и коридор

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев и помошник државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Францис Р. Фанон по денешната средба најавија енергетско поврзување на Македонија и Грција за снабдување на гас на земјата, но и регионот. Со тоа, според нив, ќе се воспостави пазар меѓу земјите од регионот.

Ерменија подготвена за мировни преговори преку ОБСЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменија вели дека е подготвена да се вклучи во мировни разговори преку ОБСЕ бидејќи меѓународните лидери продолжуваат да повикуваат на итен прекин на борбите со азербејџанските сили за отцепениот регион Нагорно-Карабах, поради загриженоста дека пожарот во насилството може да прерасне во целосна војна на регионалните сили. Во денешната изјава од Министерството за надворешни работи (МНР) во Ереван се вели дека го поздравуваат вчерашниот заеднички повик од Франција, Русија и САД, кои се земји-копретседавачи на ОБСЕ Минск групата... Читать дальше...

Фридом Хаус: Влијанието на ковид-19 врз слободата во светот

SlobodnaEvropa.mk 

Пандемијата на ковид-19 ја продлабочи кризата за демократијата низ целиот свет, обезбедувајќи покритие за владите да ги нарушат изборите, да ги замолчат критичарите. Ова се наведува во најновиот извештај на Фридом хаус „Демократија под блокада“, изработен во партнерство со анкетната компанија GQR.

Заев: Ќе внимаваме како ѝ одговараме на Софија за Делчев и јазикот

SlobodnaEvropa.mk 

Гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија – тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој на денешната прес-конференција нагласи дека ќе биде внимателен во одговорите на барањата на Бугарија за решавање на прашањето за Гоце Делчев и за јазикот, бидејќи треба да се постигне решение што ќе носи придобивки на двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни ефекти и за Северна Македонија и за Бугарија. Изјавата... Читать дальше...



Москва

Lipatov Sound заявил о выходе нового трека “Red City”


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Колледжи проведут Дни открытых дверей



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Шапка

Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Курсант Пермского военного института Росгвардии принял участие в финале интеллектуальной олимпиады Приволжского федерального округа

«Молитесь, друзья»: сын олимпийского чемпиона Ивана Стретовича погиб во время родов в Новосибирске

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве


WTA

Потапова проиграла на старте турнира WTA-500 в Страсбурге



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Интернет

Новые наушники Nothing Ear и Ear (a) уже доступны



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России