Рекорден број заразени со ковид19 во Чешка и Полска
![Рекорден број заразени со ковид19 во Чешка и Полска](https://gdb.rferl.org/b03d876d-8417-463c-b31d-1c8977876cb1_w800_h450.jpg)
Чешките власти соопштија дека во последните 24 часа се регистрирани 3793 нови случаи на коронавирус, што сега е рекорден број заболени, по вчерашниот рекорд кој беше за околу 300 позитивни случаи понизок од денешниот.
Чешка прогласи вонредна состојба поради рекордниот пораст на бројот на заразени од коронавирус
Во Чешка од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 78 051 заболен од коронавирусот, а починаа 699 лица. Во моментов активни случаи се 42 320 од кои хоспитализирани се 1134 луѓе. Владата прогласи вонредна состојба која стапува во сила од петти октомври и најави нови рестриктивни мерки.
И Полска денеска јави за свој рекорд во дневно заболени од коронавирусот, 2 367 нови случаи, а починале 34 лица. Со население од 38 милиони Полска од почетокот на епидемијата досега има регистрирано 98 140 заболени и 2604 смртни случаи.