Апсења на протест во Белорусија
![Апсења на протест во Белорусија](https://gdb.rferl.org/3E29E5AD-A347-4FC4-8CF4-71F3CD8DDE4C_w800_h450.jpg)
Најмалку десет луѓе се уапсени од безбедносните сили во Минск на денешниот протест на кој Белорусите излегоа да дадат поддршка на политичките затвореници во земјата. Ова е осми викенд по ред на протести против долгогодишниот претседател Александар Лукашенко. Вообичаено протестите на кои повикува опозицијата се масовни.
Минатата недела излгеоа околу 100 000 луѓе, а 350 беа уапсени. Воени камиони и автобуси пристигнаа во Минск каде што луѓето се собираат за маршот.
Белорусија со црна листа одговори на санкциите од ЕУ
Протестите против Лукашенко се одржуваат по претседателски избори на 9 август и од тогаш има неколку смртни случаи, стотици повредени и околу 10 000 уапсени. Лукашенко, кој е на власт во земјата од 1994 година прогласи победа на изборите со освоени 80 отсто од гласовите, додека неговата противкандидатка Свјатлана Циханускаја тврди дека освоила 60 до 70 отсто од гласовите.