За 24 часа 785 пријави за носење заштитна маска за лице
Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 785 прекршоци, информираше утрово Министерството за внатрешни работи (МВР).
Казната за неносење лична заштита за лице изнесува 20 евра.
Ковид 19: Нови рестрикции во европски престолнини
МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.