Во Чешка нови 3104 корона случаи, почнуваат засилени рестрикции
Чешките власти пријавија нови 3.104 случаи на коронавирус во текот на вчерашниот ден, со што вкупниот број во земјата се искачи на 117.110. Бројот на починати во моментов изнесува 987. Официјални лица соопштија дека имало 61.143 активни случаи, со 2.106 хоспитализирани пациенти.
Владата повторно воведе 30-дневна вонредна состојба со затворени базени, спортски сали и фитнес центри, а рестораните и пабовите да се затворат до 20 часот, а на една маса да има најмногу четири гости.
Од денеска се затворени спортски објекти, театри и кина и ќе бидат затворени најмалку две недели. Учениците од повисоките одделенија на основните училишта ќе заменат учењето на час со учење на далечина.
Европа ги заострува ограничувањата поради голем број на случаи на коронавирус
„На гледачите ќе им биде забрането и спортски настани, а официјалните лица ги повикуваа студентите по медицина да помогнат во болниците“, рече министерот за здравство Роман Примула.
Маските за лице станаа повторно задолжителни во сите затворени јавни простори од минатиот месец. Посетителите кои пристигнуваат од места каде епидемијата е сè уште раширена, мораат приложат негативен тест за Ковид-19 или да бидат во карантин по пристигнувањето.