Денеска ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за економија
Името на добитникот на Нобеловата награда за економија ќе биде објавено денеска во Стокхолм, со што завршува таканаречената Нобелова недела,. Наградата за економија традиционално ја доделува Централната банка на Шведска од 1969 година. Во минатата година Нобеловата награда за економија им беше доделена на Абиџит Банерџи, Естер Дифло и Мајкл Кремер за нивниот „експериментален пристап кон намалување на глобалната сиромаштија“.
Нобеловата награда за мир за Светската програма за храна на ОН
Деновиве во Стокхолм беа објавени добитниците на Нобеловите награди за медицина, физика, хемија и литература. Нобеловата награда за мир беше соопштена во Осло, а ја доби Светската програма за храна на ОН за нејзините напори да се бори против гладот и недостигот на храна низ целиот свет. Лани организацијата им помогна на скоро 100 милиони луѓе во 88 земји во светот. Наградите традиционално се доделуваат на 10 декември, на денот на смртта на основачот на наградата, шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел (1833-1896), пронаоѓачот на динамитот. Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек на околу милион евра.