177 заболени, 5 починати од Ковид-19
![177 заболени, 5 починати од Ковид-19](https://gdb.rferl.org/58370B79-AA33-4D2F-A3B1-79059BDB8DEE_w800_h450.jpg)
Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи со Ковид-19 . Најмногу случаи на заболени има во Скопје-96, додека скопски општини во кои се регистринаи најмногу заразени се Центар со 330 случаи, Аеродром – 327 и Карпош со 319 заразени од ковид.
Во болнички услови починати се пет пациенти од кои еден од Тетово на 67 годишна возраст, еден од Струмица на осумдесет и седум години, еден од Крива Паланка на 68 годишна возраст и двајца од Кочани на 70 и 73 години.
Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти,соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21 113, бројката на оздравени пациенти е 16 301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015.
Директорката на инфективната клиниката, Милена Стевановиќ денеска за медиумите изјави дека засега не е примен пациент во монтажната болница која се постави, во случај да се пополната капацитетите на Клиниката.
"При првото исполнување, ако биде тоа во дванаесет часот ноќеска, тогаш ќе биде примен следниот пациент во монтажната болница. Очекувањата се да има уште повеќе пациенти сега и затоа сме подговтвени за тоа се очекува од нас, да дадеме нега и третман на секој болен. До каде ќе оди ситуацијата никој не може да предвиди" изјави Стевановиќ
Во функција и модуларната болница за заболени од Ковид-19