За 24 часа 869 прекршоци за неносење маска на лице
![За 24 часа 869 прекршоци за неносење маска на лице](https://gdb.rferl.org/e33ae5a9-906a-47ff-93cb-79fc1606faa8_w800_h450.jpg)
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 869 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Европа ги заострува ограничувањата поради голем број на случаи на коронавирус
МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Минатата недела Владата донесе одлуки за нови поостри мерки а борба со Ковид-19, а најави и поголемо заострување на рестрикциите доколку не се почитуваат мерките и протоколите.