Карантин во седум од 12 региони во Словенија
Во Словенија од утре ќе се воведе карантин во седум од 12 региони, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, одлучи тамошната Влада. Во седум региони се забранува групирање на повеќе од 10 лица на јавни или приватни места. Забраната за централна Словенија, Горењска, Корошка, Засавје, Посавје, Савинска и југоисточниот дел на Словенија ќе стапи во сила на полноќ. Таквата мерка е воведена во овие региони затоа што во изминатите две недели, просечно 140 жители на 100.000 се заразувале со коронавирусот.
Словенија со нови мерки за справување со короната, расте бројот заболени во Албанија
Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс денеска на прес-конференција рече дека жителите на овие региони за време на карантинот нема да смеат да го напуштаат регионот или да влегуваат во други, со одредени исклучоци како што се одење на работа или поради работа, одење на лекар или аптека, давање помош на роднини. Хојс додаде дека ќе бидат дозволени посети на гробишта и погреби. Исто така во тие региони е задолжително носење маска и надвор, не само во затворен простор, освен за деца до шест години. Хојс додаде дека уредбата за границите засега нема да се менува.