Русија ја стави Циханускаја на потерница
![Русија ја стави Циханускаја на потерница](https://gdb.rferl.org/e3a35a54-2191-4bc9-b4ed-edc0e9b9ad06_w800_h450.jpg)
Русија вели дека го ставила белоруската опозициска лидерка, Светлана Цихануаскаја, на потерница, во согласност со регионалните договори, откако Белорусија го направи истото тврдејќи дека таа повикала на уривање на уставниот поредок во земјата.
Руските медиуми денеска го цитираа руското Министерство за внатрешни работи како потврда на потегот, направен како дел од Државата унија Русија - Белорусија.
Циханускаја го повика Лукашенко да се повлече од функцијата
Извештајот доаѓа три дена откако Циханускаја отворено побара Александар Лукашенко да се повлече од функцијата претседател на Белорусија до 25 октомври или да се соочи со национален протест.
Во денешното интервју за РСЕ, Цихануаскаја вели дека одлуката за објавување на таканаречениот „Народен ултиматум“ до Лукашенко не ја донела таа самата, туку опозициските групи, вклучувајќи го и нејзиниот тим, опозициската координација Совет, опозициски политички партии, протестни групи, претставници на штрајкувачки работници и белоруски граѓани кои беа тепани и измачувани од органите на прогонот во последните месеци.