Времето денеска: променливо облачно и врнежливо
![Времето денеска: променливо облачно и врнежливо](https://gdb.rferl.org/0188E488-4926-4ACB-AC13-747B292906BC_cx44_cy1_cw39_w800_h450.jpg)
Ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер. Дневната температура ќе биде од 13 до 24 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 19 степени.