Времето денеска сончево со умерена облачност
![Времето денеска сончево со умерена облачност](https://gdb.rferl.org/85D13979-D4C9-4B55-9B06-0C01CA133510_cx18_cy5_cw81_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност која ќе се намалува во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец кој повремено ќе засилува во западните делови на земјата. Минималната температура ќе се движиво интервал од шест до 12 степени, а максималната од 17 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб доумерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет степени, а максималната ќе достигне до 20.