Нови 594 заразени од коронавирус, тројца починати
Нови 594 случаи ан коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во земјата од направени 2.617 тестови, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 23.201 пациенти. Бројот на смртни случаи изнесува 824, откако во изминатото деноноќие починале три лица во болнички услови.
Според официјалните податоци, во моментов има 5.266 активни случаи, а досега излекувани се вкупно 17.111 пациенти од избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 во февруари оваа година.
Од новозаразените најголем број се во Скопје 303, а потоа следуваат Струмица со 34, Тетово 26, Куманово 22, Прилеп 19, Кочани 18, Битола 18, Кичево 17...
Комисијата за заразни болести уште пред скоро две недели побара нови рестрикции, но за тоа Владата соопшти дека се потребни законски измени.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека измените на Законот за заштита од заразни болести е во собраниска процедура и дека веќе следната недела ќе може да се интевенира со амандманите.