Грција ќе го продолжува воениот рок на 12 месеци
Грчкиот министер за одбрана Никос Панагиотопулос денеска информираше дека задолжителниот воен рок во Грција наскоро ќе биде продолжен од девет на 12 месеци за зајакнување на армиските сили.
Според министерот, ќе се зголеми и бројот на ученици во воените училишта.
Панагиотопулос не прецизирал кога тоа може да се случи, но се претпоставува дека тоа ќе биде на почетокот на следната година, јави МИА.