Бугарскиот претседател Радев негативен на коронавирус
![Бугарскиот претседател Радев негативен на коронавирус](https://gdb.rferl.org/8ba256a4-cd78-45bf-9402-0e141315499e_w800_h450.jpg)
Бугарскиот претседател Румен Радев е негативен на коронавирус, соопшти денеска неговиот портпарол. Радев е во самоизолација по враќањето од Естонија, каде учествуваше на самитот на Иницијативата Три мориња, бидејќи бил во контакт со лице кое е позитивно, пренесува БТА.
Тој беше тестиран за коронавирус и во понеделникот и во вторникот вечер, по враќањето од Естонија, односно вкупно трипати и сите три теста се негативни.
Бугарскиот претседател Радев во самоизолација по контакт со заразен од ковид-19
Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров.