Бомбашки напад во училиште во Пакистан, убиени 9 ученици
Најмалку девет ученици беа убиени, а 70 се ранети утрово во бомбашки напад во верско училиште во северозападен Пакистан, соопштија локалните власти и очевидци.
„Повеќе од 60 луѓе биле на предавања кога се случила експлозијата во Пешавар, околу 170 километри западно од Исламабад“, рече Вакар Азим, висок полициски службеник.
Д-р Мухамед Асим Кан, портпарол на болницата „Леди рединг“ во Пешавар, изјави дека во болницата досега имало седум мртви тела и скоро 70 повредени.
„Повеќето од убиените и повредените беа погодени од шрапнели, а некои беа тешко изгорени“, рече тој.
Некои авганистански студенти кои студираат на богословијата исто така беа меѓу ранетите, соопштија официјалните лица. Ниту една група не презеде непосредна одговорност за нападот.