Белорускиот министер за внатрешни работи се закани со употреба на оружје
![Белорускиот министер за внатрешни работи се закани со употреба на оружје](https://gdb.rferl.org/48F7EC36-52F6-4945-946D-E0E239858644_w800_h450.jpg)
Белорускиот министер за внатрешни работи рече дека безбедносните сили може да употребат оружје против оние кои учествуваат во како што ги нарече „саботажите или терористичките напади“ откако неколку неделните протести низ земјата против долгогодишниот властодржец Александар Лукашенко прераснаа во национален штрајк. Воинственото предупредување од министерот Јури Карајев дојде денеска, ден откако Лукашенко ги нарече протестите на опозицијата акции на организирани криминални групи, додавајќи дека земјата се соочува со терористички закани.
Карајев кој е под санкции од Европската унија за неговата улога во сузбивање на протестите рече дека оружје не треба да се користи против мирни демонстранти.
"Ако лицето извршува саботажа или терористички напад, напаѓа полицајци, секако дека мора да биде сопрено на кој било начин кој и стои на располагање на полицијата, од употреба на физичка сила до користење на оружје" , рече министерот.
Големи влогови во Белорусија: Дали националниот штрајк ќе успее?
Инаку, на 26 октомври илјадници работници во државни фабрики и приватни фирми, ресторани, кафулиња и други установи - како и студенти низ источноевропската земја со 9,5 милиони жители, го послушаа повикот на опозицискиот лидер Свјатлана Циханускаја за национален штрајк откако Лукашенко го игнорираше барањето да си даде оставка, да ја запре операцијата против демонстрантите и да ги ослободи политичките затвореници до 25 октомври.