Рекорд во Хрватска-2378 нови случаи и 24 починати за едно деноноќие
![Рекорд во Хрватска-2378 нови случаи и 24 починати за едно деноноќие](https://gdb.rferl.org/E50C95BA-ED69-4036-8627-971C5A9F1210_w800_h450.jpg)
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2378 нови случаи на коронавирус, а за истиот период починале 23 луѓе. Ова се рекордни бројки во таа балканска земја од почетокот на епидемијата досега. Бројот на активни случаи е 12 736, вкупниот број на починати е 493, а на заразени од почетокот на епидемијата досега 40 999.