Студиите не се само предавања на интернет
![Студиите не се само предавања на интернет](https://gdb.rferl.org/58143944-bcb0-40ae-9971-e5bc43f2eee0_w800_h450.jpg)
Лекцијата што ја имаа професорите и студентите во претходниот период, кога факултетите се организираа за неколку недели и се префрлија од класична во онлајн настава, ги научи многу. Оваа академска година полесно се префрлија на "објавувања на предавања на интернет", но што е со социјализацијата?