Трет ден собраниска расправа за ребалансот на буџетот
Собранието денеска треба да ја продолжи 20-ата седница на која на дневен ред е Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година. Ова ќе биде трет ден по ред дебата за ребалансот, кој, поради пандемијата со Ковид-19 е втор годинава. Ребалансот, според образложението од Владата, е за справување со вториот бран од ковид-19, односно од него зависи ефектуирањето на Четвртиот пакет антикризни мерки.
Со ребалансот се предвидени 4,3 милијарди денари за финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор со надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари,во компании кои имаат поголем пад на приходите како последица на пандемијата, 1,6 милијарди денари за инансиска поддршка за ранливи категории погодени од COVID-19 за плаќање на домашни производи и услуги кај погодениите сектори, 412 милиони денари за Поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, 9,8 милиони денари за поддршка на дејноста туристички водич, регистрирани како самостојни вршители на дејност, 120 милиони денари за враќање на туристичка такса за 2019 година, за остварени ноќевања.
Корона-кризата и догодина ќе ја зголемува задолженоста
Со ребалансот, исто така, се предвидуваат и 66,85 милиони денари поврат за Викенд без ДДВ, 799 милиони денари за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка, со што се нуди дополнителна можност за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик и 330 милиони денари за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.