Стасаа 3000 бесплатни брзи ковид тестови, до среда уште 10000
Министерството за здравство информира дека денеска пристигнале 3000 тестови, дел од донацијата од 13.000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен Ковид 19. Останатиот дел од тестовите ќе биде испорачан до среда.
Може ли по телефон да се лекува корона?
“Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата - Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат како би се утврдило дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19. Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и Нафтената компанија Галф оил Македонија“, информира МЗ.