Странските лидери му честитаат на Бајден
Земјите сојузнички на Америка брзо го поздравија изборот на Џо Бајден за следен претседател на САД. Германија го оцени како „ново и возбудливо поглавје“ во трансатлантските односи, а другите изразија желба за брзо започнување на соработката со новата администрација, кога ќе ја преземе функцијата. Германската канцеларка Ангела Меркел, рече дека со нетрпение ја очекува идната соработка со претседателот Бајден. „Нашето трансатлантско пријателство е незаменливо ако сакаме да ги совладаме големите предизвици на нашето време“, рече Меркел. Читать дальше...