Билд: Нема напредок ако една држава наметнува некаква „историска вистина“
Ако некој напредок кон Европската унија на Балканот зависи од една или друга држава која наметнува некаква „историска вистина“, можеме да бидеме сигурни дека ништо нема да се случи за следната или дури за следните две генерации, напиша денеска на Твитер, поранешниот шведски дипломат и познавач на Балканот, Карл Билд.
Барањата на Софија- нереални и нерационални
Тој со овој коментар споделува и текст од новинаската агенција „Ројтерс“ во кој се пишува за бугарските најави за вето на Северна Македонија доколу не се решат историските прашања, односно ако земјава не признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корени.