Нов ковид рекорд - заразени 1192
Во последните 24 часа се направени 3211 тестирања, а регистрирани се 1192 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерстово за здравство. Од тестираните 37,1 отсто се позитивни.
Во Скопје има 571 нов случај на заразени со ковид-19, Тетово 87, во Куманово 63, Прилеп 51, Штип 50, Охрид 49, Битола 43, Велес 42
,Гостивар 40, Струмица 36, Кочани 27, Кичево 22, Дебар и Кавадарци по 15, Пробиштип 14, Ресен 11, Струга 10, Виница и Свети Николе по 7, Гевгелија и Крушево по 6, Демир Хисар 5, -Радовиш 4, Крива Паланка и Кратово по 3, Делчево и Неготино по 2 и во Берово еден нов случај на заразен.
Починати се 22 лица, осум пациенти од Скопје (78, 78, 61, 60, 81, 70, 84 и 51г), двајца од Штип (80 и 80г), еден од Прилеп (65г), двајца од Тетово (41 и 66г), двајца од Велес (75 и 57г), двајца пациенти од Битола (71 и 66г) и двајца од Охрид (54 и 73г), еден пациент од Гостивар (72г), еден од Крушево (81г) и еден пациент од Пехчево (53г). Од нив, еден е починат вон, станатите се починати во болнички услови.
Почитување мерки за да се избегне здравствена и економска катастрофа
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 259.115 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 35097, бројката на оздравени пациенти е 22024 , на починати е 1071, а бројот на активни случаи изнесува 12002.