За 24 часа во Македонија 641 пријава за неносење заштитна маска
По однос на мерката за носење лична заштита на лице, на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани се 641 прекршок во текот на изминатото деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.