Грчката влада со нови мерки за ограничување на ширењето на ковид-19
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се очекува денеска да објави нови ограничувања за спречување на ковид-19. Грција има помалку случаи од повеќето европски земји, но бројот на инфекции постепено се зголемува од почетокот на октомври, поради што повторно ги воведе ограничувањата. Во средата регистрираше 2.646 случаи на заболени од нов коронавирус, што е највисока дневна бројка откако се појави првиот случај во февруари.
Црни ковид рекорди на Балканот
Министерот за здравство изјави дека здравствените експерти препорачуваат едномесечна блокада во целата земја. Претходно оваа недела во земјата беше проширен ноќниот полициски час и затвори рестораните, баровите, театрите и музеите во најнаселените области за еден месец. Некои региони, главно во северна Грција се во блокада. Вкупниот број на инфекции е 46.892, а број на починати достигна 673 лица.