Мицкоски сака коалиција со Гаши и Села
![Мицкоски сака коалиција со Гаши и Села](https://gdb.rferl.org/87977AA5-C8F4-4F32-AD6B-A23FA645146E_w800_h450.jpg)
Ова е прв чекор и би сакал да кулминира со заедничка коалиција пред локалните избори, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на конференцијата „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“ која попладнево се одржува во хотелот Хилтон во Скопје, а во врска со можното коалицирање со партиите на Зијадин Села и Африм Гаши, Алијансата на Албанците и Алтернатива чии лидери присуствуаат на панел дискусијата на десничарските партии.
На конференцијата учествуваат и гости од Косово, односно Арбен Кашаху од Демократската партија на Албанија на Љуљзим Баша, а ќе имаат обраќање и претставници и од Демократската лига на Косово, основана од Ибрахим Ругова, а чиј претседател е Иса Мустафа. Мицкоски најави дека поздравен говор преку онлајн вклучување ќе има и Пауло Рангел, потпретседателот на ЕПП.