Бајден поведе во клучната Пенсилванија
Кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, изби пред претседателот Доналд Трамп во клучната држава Пенсилванија, додека продолжуваат да се бројат гласачките ливчиња.
Податоците покажуваат дека Бајден скокна во водство со 5.587 гласови.
Бајден се поблиску до победа, Трамп бара судска разврска
Победата во Пенсилванија би му дала на Бајден 273 гласа во Изборниот колеџ, што би било над прагот од потребните 270 за да се добие претседателската функција. Сепак, остануваат уште доволно гласови за Трамп да се врати.