Уставен суд денеска ќе одлучува за помилувањата
Уставните судии на денешната седница треба да донесат одлука по иницијативата за оценување на уставноста на членот 11 од Законот за дополнување на законот за помилување од 2016 година. Претседателот со овој закон нема обврска да ја образложи својата одлука, што значи и дека може да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена.
Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, повикувајќи се на избришаниот член 11 од Законот за помилување, најпрвин аболицираше 56 лица, а потоа во Законот беше додаден нов член, 11-а, со кој го повлече помилувањето.
Пред една година, судот поведе постапка по иницијативата, но одлучувањето за тоа беше одложено со причината дека Собранието треба да го толкува членот 11 од Законот за помилување, кој му дава дискреционо право на претседателот да даде помилување без за истото да спроведе постапка.