Бугарија бара гаранции за нејзините услови, остава можност за решение
![Бугарија бара гаранции за нејзините услови, остава можност за решение](https://gdb.rferl.org/A7FAB324-965D-4137-B4E8-1451C31AACB6_w800_h450.jpg)
"Бугарија ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената преговарачка рамка за Република Северна Македонија и нацрт-декларацијата, бидејќи не ги даваат потребните гаранции за исполнување на бугарските услови", соопшти Министерството за надворешни работи во Софија.
Oд бугарското МНР наведуваат дека за Бугарија е неприфатливо нејзините услови за Република Северна Македонија да бидат поставени во декларацијата на Советот на ЕУ, што ја придружува рамката за преговори.
"Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не ги дава правните гаранции што ги бара Бугарија. Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на рамката за преговори, на што инсистираме", велат од бугарското МНР.
Сепак, Софија смета дека и покрај кратките рокови решение може да се постигне.
"Бугарија им се заблагодарува на германското претседателство со Советот на ЕУ и на комесарот за проширување Оливер Вархеји за конструктивниот пристап и секојдневната заедничка работа во потрага по решение кое сè уште е можно да се постигне и покрај кратките рокови, посочуваат од МНР на Бугарија.
Нема напредок за преговарачката рамка, одложен и ГАК
Претходно денеска постојаните амбасадори во Брисел на земјите членки на Европската унија кои имаа состанок на таканареченото тело КОРЕПЕР расправаа за нацрт-преговарачката рамка за Скопје, но засега без напредок во разговорите. Ова тело, повторно ќе се состане во текот на следната недела, најверојано в среда. До ова доаѓа поради тоа што откако место на десетти ноември, како што беше планирано, Советот за општи работи на Европската унија (ГАК), кој го сочинуваат министрите за надворешни работи на земјите-членки, состанокот ќе го одржи на 17 ноември. Со ова се дава време повторно амбасадорите да се навратат н на преговарачката рамка за Македонија.
Ова денеска го потврди и премиерот Зоран Заев.
„Ја имаме првата блокада од Бугарија . Денеска е прекршен Членот 2 од договорот“, рече тој за време на увидот на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.
.