ДКСК: пропусти во законите дозволуваат неказнето именување и разрешување в.д. директори
![ДКСК: пропусти во законите дозволуваат неказнето именување и разрешување в.д. директори](https://gdb.rferl.org/3DC535F5-4076-44E0-8A6C-561FDDD66763_w800_h450.jpg)
Државната комисија за спречување на корупцијата наведе дека има прописти и слабости во законите за локална самоуправа и за јавни претпријатија што дозволуваат да продолжи неказнето именувањето и разрешувањето вршители на должност директор, било на централно или локално ниво. Затоа ДКС бара отворање на дебата за предвидување прекршочни одредби
Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој на денешната 40-та седница на ДКСК, го елаборираше предметот за именување на лице за в.д. директор на јавното комунално претпријатие во општина Лозово, без да објави оглас, побара да се отвори дебата по ова прашање, бидејќи во законот не е предвидена прекршочни одредби за вакво непочитување.
Претходно деновиве Бајрами изјави дека „избирањето директори се спроведува како политички пазар“.
„Масовно се крши законот со назначување на вд директори. Вд директорот треба да биде поставен само 6 месеци. Треба да се распише оглас најмалку 3 месеци пред да му истече мандатот. Се изигрува законот. Ако се најавува име кој ќе биде директор на институција, им се наштетува на оние кои сакаат да конкурираат за огласот. Сè се спроведува како политички пазар, непроверени кадри се ставаат на позиција“, рече Нури Бајрами, член на ДКСК за ТВ24.
„Вечни“ партиски директори
Инаку Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 40-та седница разгледа и повеќе предмети, меѓу кои и осум поднесени од укажувачи во периодот на 2019 година. Од нив два беа прифтаени и се однесуваа на начинот на избор на в.д. директори во Ј.П. без објавување на оглас за што ДКСК одлучи да отвори постапки.
ДКСК, се произнесе како ненадлежна и отфрли една пријава за мобинг против вработен во ЈП надлежен за користење на годишен одмор и ковид мерките за време на пандемијата.
Ова беше прва онлајн седница на ДКСК на која присуствуваа и новинари.