Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Ноябрь
2020

Грција во 23-дневен карантин поради коронавирусот

0
Грција во 23-дневен карантин поради коронавирусот

Од шест часот утрово, па се до 30 ноември, Грција е во втор целосен карантин, а за граѓаните дозволено е движење само со претходно испратена СМС порака и тоа само за шест есенцијални причини, јави дописничката на МИА од Атина. Карантинот се воведува за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Во следните три седмици, затворено ќе биде речиси сѐ. Продавниците, кафулињата, угостителските објекти, средните училишта и универзитети, фитнес центрите, кината, музеите, театрите, ноќните клубови, ставија клуч на врата, а забрането е и патување меѓу општини.

Црни ковид рекорди на Балканот

За разлика од првиот карантин, сега маската е задолжителна при секое излегување, додека пак овој пат, отворени ќе бидат градинките и основните училишта.

Средношколците ќе следат онлајн настава, а истото важи и за предавањата за студентите.

Освен основите училишта и градинките, отворени ќе бидат супермаркетите, продавниците за храна, фурните, месарниците, пет шоповите, аптеките, бензинските станици.

Мал исклучок има во однос на фризерските и козметичките салони и берберниците, кои добија дозвола да работат денеска и утре.

Регионална блокада на северот на Грција

Исто како и за време на карантинот во март и април, дозволено е излегување од дома само од шест причини: здравствени, односно за посета на лекар; посета на супермаркет или продавница за храна; посета на банка или јавна служба (кога не е можно барањата да се извршат електронски), посета на лице на кое му треба помош или грижа; присуство на погреб или физичка активност (индивидуално или по две лица) или прошетка на милениче.

За секоја од овие причини, постои специјален код и при секое излегувања, потребно ќе биде граѓаните да испратат СМС порака или да пополнат формулар или рачно да потпишат изјава.

Посебни потврди има за вработените, што важат и за новинарите.

За приватниот сектор, задолжително е 50 отсто работа од дома.

Во однос на патувањата, од понеделник за влез во Грција потребен е негативен тест направен 72 часа пред пристигнувањето.

Авионскиот превоз во внатрешноста на земјата е дозволен само за враќање во местото на постојано живеење, спојување со семејството, од здравствени или професионални причини, а забрането е патувања меѓу регионите во Грција.

Во такси возилата и автомобилите дозволен е само еден патник (освен во случај кога станува збор за членови на семејство).

Непречено ќе биде учеството на грчките екипи во европските натпреварувања во кошарка и фудбал.

Ова е втор „локдаун“ за Грција, со оглед на тоа дека во периодот од 23 март до 4 мај годинава беше воведен целосен карантин.

Новиот локдаун доаѓа по драстичното зголемување на бројот на нови случаи на дневно ниво, како и на бројот на пациенти приклучени на апарати и зголемениот притисок врз здравствениот систем.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, соопштувајќи го карантинот во четвртокот, истакна дека за само пет дена во земјата беа регистрирани речиси 10.000 случаи, додека пак професорот епидемиолог Сотирис Циодрас објасни дека „брзината со која се шири вирусот, математички води до притисок врз здравствениот систем“.

Мицотакис изрази уверување дека ако се спроведат мерките, ќе се запре вториот бран, за земјата да помине „релативно понормален декември и нешто што ќе наликува на празниците од претходните години, очигледно повторно со зголемени ограничувања“.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас пак, вчера објасни дека за да се укинат рестриктивните мерки, потребно е епидемиолошката слика во земјата да биде на ниво на месец септември, односно бројот на нови случаи да се намали на 200-400 дневно.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 52.254 случаи, а починаа 715 лица.

Казните за непочитување на мерките за заштита од ковид-19, сега се двојно повисоки за разлика од првиот карантин, а паралелно, зголемени ќе бидат и контролите за почитување на правилата.

За оние кои не носат маска, не одржуваат растојание или не се придржуваат на правилата за движење само со СМС порака, предвидена е казна од 300 евра. Доколку сопственик на бизнис ја прекрши мерката за забрана за работа, ќе биде казнет со 5.000 евра.

Паралелно со рестриктивните мерки, грчката Влада соопшти и пакет економски мерки во висина од 3,3 милијарди евра за поддршка на вработените и сопствениците, чии бизниси ќе бидат затворени поради вториот карантин.





Губернаторы России
Москва

Сергей Собянин: Фестиваль «Рыбная неделя» посетили рекордные 4,5 миллиона человек





Москва

Слушатель из Смоленска выиграл на «Авторадио» «Москвич 3»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Фестиваль «Рыбная неделя» посетили рекордные 4,5 миллиона человек



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Metallica

Лидер Metallica Джеймс Хэтфилд рассказал, что ему снились кошмары перед туром




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Первые тренировки нового сезона проекта «Спортивные выходные» прошли в Москве

Ход конем. В Москве на Гоголевском бульваре открылся летний шахматный клуб

Юные тулячки завоевали серебро и бронзу турнира по синхронному плаванию


Елена Рыбакина

Елена Рыбакина добилась впечатляющего достижения



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Свыше 2,2 тыс. случаев коронавируса выявили в столице за неделю



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России