Нови 1285 заразени со ковид-19, починале 14 лица
Нови 1285 случаи заразени со ковид-19 од направени 3404 тестирања се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје има 522 нови случаи, Прилеп-79, Тетово-73, Велес-63, Битола-57, Гостивар-54, Штип и Кавадарци по 46, Кичево-44, во Куманово-43, Охрид-40, Струмица-36, Неготино-27, Струга-25, Кочани-22, Свети Николе-18, Гевгелија-17, Радовиш-13, Виница и Делчево по 11, Крива Паланка-8, Демир Хисар и Берово по 5, Македонски Брод и Ресен по 4, Валандово, Кратово и Дебар по 3, Пробиштип-2 и Крушево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти.
Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52г), еден од Битола (75г), двајца од Кичево (66 и 71г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Штип (62г), еден од Свети Николе (76г), еден од Радовиш (66г), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82г), еден од Гостивар (78г) и еден пациент од Кавадраци (21г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Ја губи ли државата контролата врз пандемијата?
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 38782, бројката на оздравени пациенти е 23011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14661.