За неносење маска 283 санкции
![За неносење маска 283 санкции](https://gdb.rferl.org/7E67086A-DEC3-4765-ACB3-143A1DD106F5_w800_h450.jpg)
Регистрирани се 283 прекршоци за неносење маска во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Носењето маска е задолжително и на отворено и во затворен простор.