Протести против епидемиолошките мерки во Киев
Околу 2.000 луѓе денеска протестираа пред седиштето на Владата во Украина, во знак на револт против можните нови ограничувања поради епидемијата на корона вирусот, штоби можело многу компании да ги доведе во тешка состојба, пренесува агенцијата Франс прес. Украинските власти, соочени со ширењето на епидемијата на коронавирус, како и во многу земји, планираат да затворат продавници со секундарна стока за време на викендот и да останат отворени само продавниците за храна и аптеки.
Овие нови ограничувања можат да стапат на сила уште вечерва, соопшти украинската влада. Демонстрантите собрани во Киев, главно вработени во ресторани и кина во главниот град, држеа транспаренти на кои пишуваше „Дозволете ми да работам!“ или „Без работа, без даноци“.Европската бизнис асоцијација на Украина исто така верува дека новите мерки можат да им наштетат на претприемачите.
Почитување мерки за да се избегне здравствена и економска катастрофа
Украина е една од најсиромашните земји во Европа и е многу зависна од помошта на западните кредитори. Во оваа земја, повеќе од 480.000 луѓе биле заразени со вирусот корона, од кои 8.900 починале. Министерството за здравство на Украина проценува дека „најлошото“ допрва доаѓа, пишува Франс прес.