39 пратеници влегоа во интерпартиска група за борба со загадувањето
![39 пратеници влегоа во интерпартиска група за борба со загадувањето](https://gdb.rferl.org/4572519A-12D9-4E92-98AD-8908743830C3_w800_h450.jpg)
На иницијатива и во организација на граѓанското здружение О2 Иницијатива, формирана е интерпартиската парламентарна група, која како цел ќе ја има заштитата на природата и борба против загадувањето и климатските промени. Во парламентарната група се вклучија 39 пратеници од 9 политички партии од новиот состав во Собранието.
Интерпартиската парламентарна група денеска заедно со претставниците на граѓанското здружение О2 Иницијатива ја имаше и првата средба, на чија агенда беа измените во законот за прекршоци, како и несправувањето со аерозагадувањето и недостигнувањето на граничните вредности за PM10 согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и после 9 години од законскиот рок.