Именувани 19 нови државни правобранители
![Именувани 19 нови државни правобранители](https://gdb.rferl.org/c8cf8c54-1759-4cf8-bfe1-e60dada20366_cx5_cy20_cw90_w800_h450.jpg)
Владата на синоќешната 19-та седница, на предлог на Комисијата за именување, а согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител на Македонија, именуваше 19 државни правобранители.
Како што соопшти владината прес-служба за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје именувани се Лепосава Веноска, Кристина Грозданоска, Елена Саздовска, Земиле Кодра и Недим Исмани, за подрачјето на Куманово Драган Јовановски и Бесим Весели, за подрачјето на Охрид Агрон Речи, а за подрачјето на Струмица Татјана Донкова.
За државен правобранител за подрачјето на Гевгелија именувана е Мирослава Панарова, за подрачјето на Велес Валерија Николова, за подрачјето на Штип Билјана Симонова-Тасева, за подрачјето на Кавадарци Сузана Костова-Коцева, за подрачјето на Битола Ѓоко Талевски, за подрачјето на Прилеп именуван е Киро Северкоски, а за подрачјето на Кочани Олгица Јанева.