Нов земјотрес од 4,4 степени во Маврово
![Нов земјотрес од 4,4 степени во Маврово](https://gdb.rferl.org/21601DE1-12B6-418A-BA97-624E7DB4E8A1_cx1_cy15_cw77_w800_h450.jpg)
Сеизмолошките опсерватории, денеска точно на пладне кај Маврово регистрирале нов земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Ова е втор регистриран земјотрес, по утринскиот кој беше почувствуван низ цела држава.
Во западниот дел на Македонија, земјотрес со сила од 5 степени
Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ утринскиот земјотрес бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот кој се случил во 4 часот и 54 минути бил почувствуван на цела територија на Северна Македонија, а епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.