Ако актуелните корона мерки не даваат резултат, во понеделник ќе се разгледуваат нови
Министерот за здравство, Венко Филипче, на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, и д-р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопшти Министерството за здравство.
Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки, како што се посочува, ќе одлучува на состанокот во понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.
За 24 часа 734 пријави за неносење заштитна маска за лице
Министерот Филипче денеска изјави дека ако доследно се почитуваат мерките кои во моментов се во сила, би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.