За 24 часа 734 пријави за неносење заштитна маска за лице
Министерството за внатрешни работи (МВР) претпладнево соопшти дека биле регистрирани вкупно 734 прекршоци за неносење заштита на лице во изминатото деноноќие на територијата на државата.
Министерството за внатрешни работи и денеска апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со КОВИД-19.
Казната за непочитување на оваа мерка изнесува 20 евра, а според најновите прописи, задолжително е носење маска за лице и на отворено.