Кина им честиташе на Бајден и Харис
![Кина им честиташе на Бајден и Харис](https://gdb.rferl.org/effdf405-a86c-4774-9404-41c16db38084_w800_h450.jpg)
Кина им честиташе на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, и на новоизбраната потпретседателка Камала Харис.
"Го почитуваме изборот на американскиот народ. Искажуваме честитки до господинот Бајден и г-ѓа Харис", рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин, на денешниот брифинг со новинарите.
„Ние разбираме дека резултатите од изборите во САД ќе бидат утврдени во согласност со законите и процедурите на САД“, додаде тој.
Дали е можно Бајден да ги врати луѓето на Обама во надворешната политика?
Кина беше меѓу неколкуте големи земји - вклучувајќи ги Русија и Мексико - кои допрва треба да му честитаат на Бајден. Пекинг претходно забележа само дека „го забележал Бајден како прогласи дека е победник“ на изборите на 3 ноември, што го стори само откако сите поголеми американски медиуми го проектираа како победник.