За денеска закажано ново рочиште за „Таргет - Тврдина“
Во Кривичен суд Скопје, со презентација на нови сведоци, е планирано да продолжи сидењето за случајот „Таргет -Тврдина”, односно за неовластеното масовно прислушување од 2008 до 2015 година. Изминатиот период со исклучок на 3 ноември рочиштата за овој предмет беа одложени заради здравствената состојба на обвинетиот Сашо Мијалков, кој беше позитивен на Ковид-19. На последното рочиште за главниот предмет за незаконоското прислушување беа изведени материјални докази од страна на обвинителството.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.