Почина Бојо Андрески, основач на првиот приватен универзитет во Македонија
По кратко боледување синоќа почина Бојо Андрески, основач и сопственик на првиот приватен универзитет во Македонија, „Европски универзитет”.
Андрески беше сопственик и на весникот „Вечер“. Беше лидер на Партијата на правдата.
Комеморација Бојо Андрески ќе се одржи денеска во просториите на Европскиот универзитет.