ВМРО-ДПМНЕ предлага зимскиот распуст да почне порано
ВМРО-ДПМНЕ предлага зимскиот распуст да започне од 15 декември 2020, а да заврши на 21.01.2021. Така, учениците и наставниците би го избегнале пикот на епидемијата, кој нема веќе реден број, а министерката ќе има време и да го слушне гласот на наставниот кадар, родителите и учениците и да конечно да преземе нешто, рече на денашната прес-конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа рече дека состојбата по училиштата и градинките станува крајно загрижувачка.
„Секојдневно имаме заразени наставници, цели паралелки во изолација, превозници што не ги почитуваат протоколите…, со еден збор, – класично уназадување на генерации на деца, дури и на оние кои штотуку го започнале своето образование“, рече Јаневска.
Околу 10.000 ученици во оваа земја следат настава на опционален начин. Огромен број не следат настава, воопшто, додаде Јаневска.
УНИЦЕФ -Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат
Министерката за образование и наука Мила Царовска пред два дена рече дека зимскиот распуст за учениците ќе почне согласно календарот објавен од Бирото за развој на образованието и ќе се реализира исто како и минатите години, односно од први од 21 јануари.