Денеска нов состанок на Комисијата за заразни болести
За денеска е предвиден состанок на Комсијата за заразни болести на кој, според минатонеделните најави, треба да се анализира епидемиолошката слика и да се одлучи дали во Македонија ќе бидат воведени построги - полициски час и каранти.
Здравствените власти веруваат дека мерките кои се на сила, воведени пред извесно време ќе почнат да даваат резултати. Министерот за здравство Венко Филипче, во четвртокот изјави дека е потребно време барем од две недели, за да се видат извесни резултати од актуелните мерки. Тој сепак не ја исклучува можноста и за построги рестриктивни мерки, иако рече дека ако се почитуваат моменталните, тоа ќе даде ефект како полициски час.
Шведска се држи до своите мерки, иако расте бројот на заразени од ковид-19
Сега во сила се задолжителното носење маски на отворено, забраната за групирање на повеќе од четири лица во текот на целиот ден, како и работењето на кафулињата, рестораните и останатите угостителски објекти до 21 часот.