Во Албанија над 600 заразени, во Грција починаа 59 лица од ковид 19
Бројот на новозаразено од Ковид-19 во Грција повторно е над 2.000, односно, 2.198, додека пак починаа 59 лица, јави МИА од Атина.
Според податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција, бројот на заразени во Солун е намален во споредба со изминатите денови, меѓутоа зголемен е бројот на хоспитализирани лица, со оглед на тоа дека слободни се само пет отсто од ковид- креветите на Одделите за интензивна нега, односно десет кревети од вкупно 182.
Во последното деноноќие пак за првпат во Албанија регистрирани се над 600 заразени со Ковид-19 во едно деноноќие.
Во последните 24 часа од тестираните 2.241сомнителни случаи, вирусот е дијагностициран кај 602 лица, што е највисока бројка досега. Во исто време забележана е и рекордна бројка на оздравени или 564, додека починаа осум лица во болнички услови, информираМинистертвото за здравство и социјална заштита на Албанија.
Зголемен е и бројот на хоспитализирани лица. Во трите ковид болници се лекуваат 406 пациенти од активните 14.348 случаи.