Во Австрија тринеделна национална блокада
![Во Австрија тринеделна национална блокада](https://gdb.rferl.org/75622C28-38A1-45E6-981D-56FE09956343_cx3_cy0_cw96_w800_h450.jpg)
Во Австрија од денеска е воведена национална блокада во обид да се стави под контрола растот на заразени со коронавирус. Затворени се несуштинските продавници, а досегашниот полициски час од 20 часот до 6 часот наутро е проширен на цел ден, со специфични исклучоци како што се купување на најважни работи или вежбање. Луѓето треба да работат од дома каде што тоа е можно. Заклучувањето треба да трае до 6 декември.
Истрага по терористичкиот напад во Виена
Претходните мерки не успеаја да го спречат ширењето на ковид-19 и Австрија сега има една од највисоките стапки на инфекции во Европа. Дневните нови случаи достигнаа рекорд од 9.586 во петокот, девет пати повеќе отколку на врвот во првиот бран.