Косовската претседателка позитивна на Ковид-19
![Косовската претседателка позитивна на Ковид-19](https://gdb.rferl.org/CDED40C4-FAAD-49BC-85FF-29F2D6B86EE1_w800_h450.jpg)
Вршителката на должноста претседател на Косово и претседателка на косовското Собрание, Вјоса Османи е заразена од Ковид-19. Таа на нејзината страница на Фејсбук наведе дека поради контакт со блиски кои се заразени од корнавирусот, го извршила тестирањето и резултатот бил позитивен.
Османи најави дека во наредните две недели работните обврски ќе ги извршува од својот дом, а состаноците ќе ги одржува онлајн.
Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата во моментот има 11.768 активни заболени лица. Досега болеста ја совладале 17.878 лица, а починале 849 лица.